Макс Верстапен кој во претходната сезона во Ф1 доминатно ја освои титулата со болидот на Ред Бул, вели дека посакувал возбудувањата околу победничкиот пехар да бидат присутни до самиот крај.
„Од една страна сакав борбата за светската титула да трае подолго со оглед на тоа колку беа изедначени болидите. Изненадувачки е што дојдовме до толку големо водство. Од друга страна, добро е што битката за титулата беше решена порано особено по крајно спорниот финиш во сезоната во 2021“ – вели возачот во Формула 1.
„ Сигурен сум дека сега ни претстои многу изедначен шампионат во 2023 година “ – потенцираше Верстапен.