Американската скијачка, Микаела Шифрин, беше најбрза на денешниот велеслалом што се одржа во Крањска Гора.
Таа стигна до 82 победа во Светскиот куп и го израмни рекордот на сонародничката, Линдзи Вон. Второто место денеска го освои Италијанката, Федерика Брињоне додека Лара Гут Бехрами од Швајцарија се искачи на третото место на подиумот.
Басино со 425 бодови води во велеслалом пред Шифрин и Бехрами. Шифрин пак, е убедливо прва во генералниот пласман во Светскиот куп во алпско скијање.