Марко Одермат со денешната победа на трката во Супер-џи во Бормио, останува на курсот да го одбрани големиот Кристален глобус во алпско скијање.
Тој ја помина патеката 1:29.27 минути пред Австриецот, Винсент Крихмајер и Лук Мејлард од Швајцарија. Изненадување направи Австриецот, Даниел Хеметсбергер, кој дојде до четвртото место.
Одермат со 280 бодови води во рангирањето во Супер –џи. Го следат Александар Амод Килде од Норвешка и Крихмајер. Интересно е тоа што истиот распоред го имаме и во генералниот пласман во светскиот шампионат