Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски, во изјавата за Спортско радио 90,3 ФМ, вели дека Норвешка максимално ги казни сите наши грешки и сосема заслужено не победи.
„ Се држевме егал одреден период, потоа дојде серија на наши грешки. Мислам дека резултатот е превисок“ – вели Митревски.
„Тие играа добра одбрана и имаа брза транзиција. Дадоа неколку лесни голови. Навистина е тешко да играш против таква корпулентна репрезентација“ – потенцираше нашиот капитен.