Макс Верстапен кој има две титули во шампионатот во Формула 1, вели дека секој возач мора да биде максимално подготвен доколку сака да се бори за победникиот пехар.
„Ако не сте подготвени за битките, тогаш подобро не излегувајте на патеката“ – потенцираше членот на Ред Бул на средбата со новинарите.
„Ќе биде многу тешко ако секоја сезона е идентична како во 2021 година. Тогаш не ни беше воопшто лесно но, да бидам искрен, тоа не се случува постојано во Формула 1“ – вели Холанѓанецот.