„Тоа се две селекции кои одлично си одговараат“ – изјави селекторот на Данска, Николај Јакобсен, в пресрет на денешниот меч со Шпанија за место во големото финале на Светското првенство во Полска и Шведска.
„Ќе биде многу добар и возбудлив натпревар. Шпанија беше во ваква ситуација многу пати досега“ – вели Јакобсен.
„Двете селекции ги имаат едни од најдобрите голмани во светот ( Варгас и Ландин) а тоа би можело да одлучи на крајот кој од нив ќе има победнички ден” – потенцираше селекторот на Скандинавците.