Челниците на Ванкувер ја продолжија соработката со рускиот напаѓач, Андреј Кузменко, кој е еден од најдобрите во Националната хокејарска лига на САД и Канада.
Соработката е за наредните две години а просечната годишна плата на Русинот ќе му биде околу 5,5 милиони долари. 26-ет годишниот играч се пресели во Ванкувер од СКА Петербург во јуни во 2022 година.
Тој во сезонава во НХЛ одигра 47 натпревари постигнувајќи 43 поени (21 гол + 22 асистенции).