Најдобриот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ, во текот на ноќта постигна 51 кош на мечот со Детроит.
За интернационалецот од Словенија тоа беше петтиот натпревар на кој броеше најмалку до 50 поени со што стана третиот во историјата на НБА кој го направил тоа во првите пет сезони.
Рекордот го држи легендарниот Мајкл Џордан со 17 мечеви додека Дончиќ и Леброн Џејмс го делат второто место со пет.