Атлетичарот, Фердинанд Омањала, кој ги освои титулите на патеката од 100 метри на Игрите на Комонвелтот и на шампионатот на Африка, одлично ја започна сезоната.
Тој на митингот во неговата татковина Кенија, успеа да ја претрча патеката за 9,86 секунди. Црномурестиот спринтер кој неодамна го победи олимпискиот шампион, Марсел Џејкоб, изјави дека сака да стане светски шампион.
Светското првенство во Будимпешта ќе биде реализирано годинава во периодот од 19 до 27 август.

