Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, очекува победничка серија во Премиер-лигата на наредните дуели со Вулверхемптон и Манчестер Јунајтед кои ќе бидат одиграни на стадионот – „Енфилд“. „Имаме два значајни меча. Мораме да бидеме подготвени за нашите фанови и да го одработиме нашиот дел. Имаме и повредени играчи“ – рече германскиот тренер. Фудбалерите Ибрахим Конате и Дарвин Нунес би можеле да се вратат за пресметката со „Волците“. Џо Гомез е повреден а Луис Дијаз се уште не тренира со тимот.
Author: dino
Голманот на Еурофарм Пелистер, Урбан Лесјак, кој во текот на викендот го „прескокна“ градското дерби со вториот тим на битолчани, вели дека утрешниот меч со Мотор Запорожје во Европската лига е многу значаен за неговиот тим. „Сами одлучуваме за нашата судбина. Во раце имаме можност да стигнеме и до трето место во групата што е сега наша цел. Екипата на Мотор е искусна, добар микс на зрели и млади ракометари„ – вели Лесјак. „Нам ни преостанува добро да се подготвиме, да го прегледаме видео материјалот, да направиме тактичка припрема и да играме на победа“ – потенцираше 32-годишниот голман.
Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, очекува голема поддршка од трибините на утрешниот меч со Мотор Запорожје, кој ќе биде решавачки за горниот дел на табелата. „Ако имаме поддршка како што нормално добиваме во нашата сала, тоа ќе ни биде од голема помош. По враќањето на неколку повредени ракометари, добиваме на стабилност. Го вративме ритамот, дури и во поразот во Берлин видов добри работи“ –вели Валтер свесен дека со победа или реми неговиот тим ќе оди во наредната фаза а доколку се вклопат коцките може да заврши и на третото место во групата. Утрешниот меч во салата…
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој по долг период на рехабилитација се појави на вчерашниот меч со Аталанта, стана највозрасниот фудбалер што играл на официјален меч во дресот на „росонерите“. „Многу ми недостигаа навивачите, им благодарам што ми дадоа сила, адреналин и мотив да продолжам. Без нивна поддршка ќе беше многу тешко“ – вели 41-годишниот Швеѓанец. Ибрахимовиќ сега има шанса да стане и највозрасниот играч кој постигнал гол во Серија А.
Една од легендите на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Гери Невил, нагласи дека тренерот Тен Хаг, направил одлична работа во последниов период и дека „црвените ѓаволи“ имаат сосема ново лице гледано од почетокот на сезоната. „Пресвртот под водство на Тен Хаг е неверојатен. Тоа што Јунајтед го прави сега за мене беше незамисливо пред шест месеци“ – потенцира Невил. Тимот од „Олд Трафорд“ вчера го освои Лига Купот на Англија откако во финалето на Вембли го совлада Њускал со 2-0. Тоа е прв трофеј за гигантот од Англија по 6 години пауза.
Фудбалерот, Хари Кејн, кој беше стрелец на вториот гол за Тотенхем на вчерашното градско дерби со Челзи, вели дека неговито тим заслужено го доби мечот од 25 коло во елитниот шампионат на Англија. „Челзи секогаш е тежок противник. Со победата се зацврстивме на четвртото место на табелата а тоа е многу значајно“ – потенцираше првиот голгетер на „спарси“. „Во првото полувреме се играше изедначено. Во вториот дел имавме повеќе шанси и бевме подобри. Покажавме квалитет“ – изјави Кејн по триумфот со 2:0.
Популарниот ТВ експерт и водител на – „Drive to Survive“, Вил Бакстон, тврди дека новиот болид на Ферари, има сериозен проблем со деградација на гумите. „Болидот на Ферари има добри перформанси 2-3 круга но, во однос на темпото на трката, Скудерија има уште многу работа“ – потенцира Бакстон. Ферари и во претходната сезона имаше многу проблеми со пневматиците. Новата во Формула 1 ќе започне во Бахреин во наредниот викенд.
Тимскиот шеф на Дукати, Паоло Чиабати, изјави дека двајцата возачи – светскиот шампион Франческо Банаја и Енеа Бастианини, ќе имаат еднаков статус во почетокот на сезоната во Мото Гран При шампионатот. „ За нас и двајцата имаат еднакви шанси да ја освојат титулата. Се надевам дека не грешам но, според мене, работите сега ќе бидат далеку подобри“ – вели Чиабати. Новата сезона во Мото ГП 2023 започнува на 26 март со Големата награда на Португалија.
Тренерот на фудбалерите на Динамо Загреб, Анте Чачиќ, изјави, дека не знае ништо за понудата од Кина за капитенот Аријан Адеми. Тој вели дека за сите информации прочитал во медиумите и дека во клубот нема ништо пристигнато за македонскиот репрезентативец. „Тоа го прочитав во медиумите. Преодниот рок во Кина е отворен до април. Не знам ништо за понудата за Адеми – рече Чачиќ кој ја има паралелно и улогата на спортски директор.
Нашите најдобри кошаркарија ја прегазија Норвешка во Осло со 79-41 и го обезбедија првото место во групата во претквалификациите за ЕП во 2025 година. Избраниците на селекторот Јончевски го завршија цилкусот со пет победи и само еден пораз и го продолжија патот кон Европското првенство. На мечот во Скандинавија повтoрно блесна Американецот, Ти-Џеј Шортс, кој постигна 22 поени а имаше и шест скокови и пет асистенции. Војдан Стојановски го заврши мечот со 16 поени и пет скокови. Македонија сега ја очекуваат квалификациите кои ќе се реализираат со осум групи со по четири земји а пласман на ЕП ќе обезбедат по…
