Популарниот ТВ експерт и водител на – „Drive to Survive“, Вил Бакстон, тврди дека новиот болид на Ферари, има сериозен проблем со деградација на гумите.
„Болидот на Ферари има добри перформанси 2-3 круга но, во однос на темпото на трката, Скудерија има уште многу работа“ – потенцира Бакстон.
Ферари и во претходната сезона имаше многу проблеми со пневматиците. Новата во Формула 1 ќе започне во Бахреин во наредниот викенд.