Тимскиот шеф на Дукати, Паоло Чиабати, изјави дека двајцата возачи – светскиот шампион Франческо Банаја и Енеа Бастианини, ќе имаат еднаков статус во почетокот на сезоната во Мото Гран При шампионатот.
„ За нас и двајцата имаат еднакви шанси да ја освојат титулата. Се надевам дека не грешам но, според мене, работите сега ќе бидат далеку подобри“ – вели Чиабати.
Новата сезона во Мото ГП 2023 започнува на 26 март со Големата награда на Португалија.