Возачот на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, го забележа најбрзото време од почетокот на тестирањата во Бахреин.
Тој во утринската сесија го реализираше најбрзиот круг на патеката со време од 1:31.024 минути. Втор резултат обезбеди возачот на Мерцедес, Џорџ Расел додека тест-возачот на Астон Мартин, Фелипе Друговиќ, успеа да ја затвори првата тројка.
Последната тест-сесија пред почетокот на сезоната ќе се реализира денеска во попладневниве часови а на патеката ќе бидат активни: Карлос Саинц (Мерцедес), Луис Хамилтон (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Естебан Окон (Алпин), Кевин Магнусен (Хаас), Ландо Норис (Мекларен) и Јуки Цунода (Алфа).