Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкер, Леброн Џејмс, кој го повреди скочниот зглоб на мечот против Далас, ќе мора да паузира подолг период, велат последните информации од САД.
38-годишниот играч во континуитет се соочува со повреди во тековнава сезона и главно е надвор од стројот. Тој мораше пред „мечот на ѕвездите“ да пропушти три средби или досега вкупно 14-ет во сезонава.
„Езерџиите“ во Западната конференција имаат 29 победи и 33 пораза и грчевито се борат да влезат во плеј-офот.