Возачите на Ред Бул остварија 1-2 победа на премиерната трка во новата сезона во Формула 1. На патеката во Бахреин прв беше Холанѓанецот, Макс Верстапен а втор Мексиканецот, Серхио Перез.
Третото место на пиедесталот го пополни Шпанецот Фернандо Алонсо, кој настапи за Астон Мартин. Бодови на стартот на новата сезона освоија и Саинц, Хамилтон, Строл, Расел, Ботас, Гасли и Албон.
Втората сезонска трка ќе биде возена во Саудиска Арабија на 19 март.