Шпанскиот возач во Ферари, Карлос Саинц, вели дека бил изненаден од текстовите во медиумите поврзани со неговата екипа по настапот на првата сезонска трка во Формула 1 во Бахреин.
„Сега е многу подобро од тоа се пишуваше за Ферари во изминатата недела, тоа дефинитивно не беше добро за нас“ – изјави Саинц пред трката во Саудиска Арабија.
„Свесни сме дека мора да ги подобриме нашите перформанси. Ме изненадија нападите против Ферари во италијанските медиуми“ – потенцираше возачот на Ферари.