Возачот на Мерцедес во Ф1, Џорџ Расел, вели дека не очекува голема разлика во перформансите на тимот во Мелбурн во споредба со трката во Саудиска Арабија.
„Мислам дека треба да очекуваме нешто слично и во Мелбурн. Има заеднички елементи – брзи и подолги свиоци. Така што, според мене, нема каде да дојде до промена“ – потенцира Расел.
„Разликите се многу мали, две десетини од секундата одвојуваат три, четири или дури шест болиди. Ќе биде интересно в сабота“ – вели Расел.