Макс Верстапен со болидот на Ред Бул ќе стартува од првата позција на третата сезонска трка во Формула 1 која ќе биде возена за Големата награда на Австралија
. Тој во денешните квалификации успеа да обезбеди подобро време од членовите на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Од четвртото место утре ќе стартува Фернандо Алонсо пред Карлос Саинц. Трката за ГН Австралија ќе биде возена утре на патеката – „Алберт парк“.
На табелата води Верстапен со 43 бодови пред клупскиот колега Перез кој има бод помалку. На третото место е Алонсо. Кај конструкторите лидер е Ред Бул со 87 бодови.