Фабио Квартараро кој имаше дури 14-то време на тренингот во Аргентина, не знае зошто неговиот мотор не ги исполнува очекувањата.
„Не знаеме што се случи. Задна гума се лизга и нема шанси да ја задржам брзината во свиоците. Треба да откриеме зошто“ – изјави светскиот шампион од 2021 година.
„Генерално, денеска ни недостасуваше брзина. Тоа е големиот проблем. Очекував да бидеме подобри на патекава. Не разбирам зошто сега сме толку бавни“ – објасни Фабио.