Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, преку социјалните мрежи објави дека се повлекува од турнирот во Барселона. – Турнирот во Барселона е многу посебен за мене а играњето дома е секогаш уникатно искуство. Но, се уште не сум подготвен, го продолжувам процесот на подготовка за моето враќање на теренот“ , напиша Надал. Еден од најдобрите тенисери во историјата се рехабилитира по повредата на левата нога заработена на отвореното првенство на Австралија во почетокот на годинава.
Author: dino
Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Анхел Ди Марија, призна дека преговара за нов договор со клубот од Торино. „Разговараме за нов договор. Среќен сум тука. Конечно ја чувствувам љубовта на навивачите по тешкиот почеток“, изјави Ди Марија. Аргентинециот во сезонава има 8 настапи во Серија А, постигнувајќи 4 гола и 4 асистенции. Во Јувентус игра од 2022 година
Шефот на Светскиот рели шампионат на Тојота (WRC), Јари-Мати Латвала, му оддаде почит на возачот на Хјундаи, Крег Брин, кој загина во тест несреќа во Хрватска. -Крег и јас ја делевме истата страст, љубовта кон старите рели автомобили и возењето со нив“, напиша Латвала на социјалните мрежи. -Крег го правеше она што најмногу го сакаше во животот – да се трка со рели автомобили. Тоа ја покажува страста што ја имаше за спортот“ – напиша Латвала.
Лидерот во Мото ГП по првите две кола, Марко Безеки, проценува дека тркачкиот викенд во Остин нема да биде полесен поради отсуството на Марк Маркез и Енеа Бастианини. Маркез е најуспешен возач на таа патека а Бастианини таму победи минатата година. „Навистина мислам дека нема да биде подобро бидејќи има многу возачи на теренот кои можат секогаш да победат“ – рече Беџеки на прес-конференцијата пред почетокот на викендот во Остин. „Секако дека Марк и Енеа се многу добри, Марк има 7 победи, Енеа победи во 2022 година но, и без нив ќе биде тешко“ – вели Безеки.
Фудбалерот на Баерн Минхен, Леон Горецка, вели дека сака да се израдува на пехарот во Лигата на шампионите. „Химната на Лигата на шампионите е најдоброто нешто што постои. Не можете доволно да ја слушате“ – вели играчот на Баерн. „Лигата на шампионите е единствена. Деновите пред мечот тренирате со топката од Лигата на шампионите и во одреден момент почнувате да си велите „Доаѓа ноќ во Лигата на шампионите. Тоа е магија.“ – потенцираше фудбалерот на Баварците.
Нашиот репрезентативец во Наполи, Елиф Елмас, ќе добие шанса од првата минута на утрешниот меч со Милан во четврфиналето во Лигата на шампионите. Тоа го најавија неколку италијански медиуми алудирајќи дека Виктор Осимен не е подготвен за настап а Џовани Симеоне се соочува со повреда на мускулот. Бидејќи тренерот, Спалети, нема многу опции во нападот, јасно е дека Елмас може да заигра од првата минута.
Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија го суспендираше теренот на Вардар за два меча поради влегувањето на „комитите“ на теренот на дербито со Еурофарм Пелистер. „Црвено-црните“ ќе треба да платат и парична казна од 150.000 денари. Тоа значи дека Вардар средбите со Охрид и Еурофарм Пелистер 2 ќе ги одигра пред празни трибини. Во исто време, парична казна од 150.000 денари заработи и битолскиот тим поради дивеењето на популарните „чкембари“ во салата Јане Сандански.
Дејан Георгиевски не успеа да го освои златото на турнирот Г1 кој во текот на викендот се реализираше во Скопје а носеше бодови и за Олимписка виза. Тој загуби во финалната борба од Берат Демирџиоглу од Турција. Во женска конкуренција најголемиот успех го направи младата, Мила Рељиќ. Таа во категорија до 62 килограма го освои златниот медал откако во финалето ја совлада Србинката, Надја Савковиќ,
Еурофарм Пелистер објави дека потпиша нов двегодишен договор со ракометарот, Павле Петровиќ. Десниот бек кој трета сезона го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2, се обврза на договор до 2025 година и од наредната сезоната ќе биде прекомандуван во првиот тим на Битолчани. „Што се однесува до новиот договор со Еурофарм Пелистер, тоа е нов предизвик во мојата кариера“ – вели 23-годишниот интернационалец интернационалецот од БИХ.
Тренерот на фудбалерите на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, по викенд -поразот од Болоња во Серија „А“, вели дека неговиот тим направил многу грешки и дека заслужено останал без бодови. „Тие беа многу добри додека ние бевме принудени да се обидеме ги корегираме нашите грешки но, не успеавме. Во првото полувреме имавме можност да постигнеме гол. Во вториот дел не одигравме како што сакавме“ – изјави Гасперини. Неговиот тим сега останува на шестото место на табелата со мали шанси да се избори за виза за Лигата на шампионите.
