Фудбалерот, Џакомо Распадори, кој со гол во судиското надополнување му донесе победа на Наполи на вчерашното гостување кај Јувентус, вели дека во тимот и кај навивачите владее голема еуфорија. „Секогаш е тешко да се гостува кај Јувентус, среќни сме што победивме. Навистина е прекрасно да се почувствува таков вид на емоции. Победата е многу посебна, сакаме што побрзо да ја донесеме титулата и да ги израдуваме нашите навивачи“ – изјави Распадори. Наполи кој е сигурен лидер на табелата го чека трофејот во Серија „А“ од далечната 1990 година. Четата за која настапува нашиот Елиф Елмас, во наредното коло ќе биде…
Author: dino
Нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски, се спушти за три позиции на новата АТП ранг листата.Тој од денеска го има 461. место. Србинот Новак Ѓоковиќ останува прв со 7.135 бодови додека Шпанецот, Карлос Алкараз, го има второто место. Зад нив е Русинот, Данил Медведев со 5.240 бодови пред Норвежанецот, Каспер Руд со 5.210 бода. Во топ 10 влегуваат : Рубљев, Рун, Синер, Агер, Фритц. Што се однесува до ВТА листата кај тенисерките, нашата Лина Ѓорческа имаше голем пад и сега се наоѓа на 241 место.
Валентино Роси ја создаде Академијата за возачи во 2013 година за да помогне во развојот на младите и талентираните . Академијата моментално има четворица учесници во Мото ГП: Франко Морбидели, Франческо Банаја, Лука Марини и Марко Беџеки. Досега, само Банаја и Морбидели имаат светски титули. 10 години по основањето на академијата, Роси призна дека е изненаден од постигнатите резултати. „Не очекував толку добри резултати за толку кратко време. Фактот што Банаја ја освои светската титула по моето пензионирање е уникатен знак за континуитет“ – вели Италијанецот.
Арсенал е фаворит во битката за потписот на ѕвездата на Вест Хем, Даклан Рајс, пренесуваат денеска медиумите во Англија. 24-годишниот играч за врска одби да го продолжи договорот што значи дека „чеканите“ ќе мора да го продадат во текот на летото. Неговата трансферна сума е околу 100 милиони евра.
Селта Виго нема да преговара за продажба на Габри Вега, изјави претседателот на клубот, Карлос Мурињо. 20-годишниот Шпанец го привлече вниманието во почетокот на сезонава откако постигна девет голови на 27 натпревари. Сега неговото име почна да се поврзува со големите европски тимови како што се Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. „Знаеме дека има тимови од Англија. Италија и Франција кои се заинтересирани. Нашиот одговор беше: Не можете да разговарате со нас бидејќи тој не е на продажба“- прокоментира претседателот на Селта.
Сопственикот на фудбалскиот состав Тотенхем, Даниел Леви, се наврати на периодот кога ги презеде лондончани. „Кога првпат дојдовме во Тотенхем, победата ни гарантираше останување во Премиер лигата. Потоа, со текот на времето, станувавме сè поуспешни. Се боревме да влеземе во Лига Европа а потоа и во Лигата на шампионите“ – вели Леви. „Тоа беше неверојатно искуство и за 22 години Тотенхем енормно напредуваше. Дали сум разочаран што не освоивме повеќе од еден трофеј во последните 15 години? Апсолутно не. Мислам дека имавме неколку фантастични моменти’ – изјави Леви
Генералниот директор кошаркарскиот состав Милан, Христос Ставропулос, во интервју за ЕРТ изјави дека клубот целосно го поддржува Еторе Месина и дека специјалистот ќе остане главен тренер во сезоната 2023/24. „Изгубивме важни кошаркари од самиот почеток на сезоната и тоа беше главната причина за лошиот настап во Евро-лигата. Првиот целосен тренинг го имавме пред само три недели“ – вели Ставропулос. „Сега сме фокусирани на италијанската лига, се уште не сме готови. Еторе Месина ќе биде во Милан и наредната сезона, има договор“, изјави директорот на кошаркарскиот состав Милан.
Медиумите во Англија објавија дека Фабио Карваљо веројатно ќе го напушти Ливерпул и тоа по само една година откако беше привлечен на „Енфилд“. 20-годишниот Португалец во првата сезона не успеа да ги исполни очекувањата и затоа ќе биде испратен на позајмица во друг клуб. Тој започна релативно добро, но по Светското првенство целосно испадна од списокот на Јирген Клоп и запиша само две минути во Премиер лигата.
Првите луѓе на Челзи размислуваат да испратат понуда до тренерот, Јулијан Нагелсман, велат последните информации од Островот. Иако имаше шпекулации дека поранешниот селектор на Шпанија, Луис Ернике, може да седне на клупата на „Стемфорд Бриџ“, многу се пореални опциите тоа да го направи младиот стартег кој послeден пат беше активен на кормилото на Баерн Минхен. Во одредени кругови се шпекулира и со Маурицио Почетино, но, Аргентинецот се чини е многу поблиску до враќање во Тотенхем.
Селекциите на Литванија, Азербејџан и Шпанија, ќе и бидат противници на нашата женската ракометна репрезентација во 5-та квалификациска група за место на ЕП во 2024 година. Воведните мечеви ќе бидат во октомври а завршните догодина во април. Виза за Европското ќе обезбедат првите две од осумте квалификациски групи како и најдобрите четири што ќе завршат на третото место. Познато е дека ЕВРО 2024 ќе се одржи во Швајцарија, Австрија и Унгарија.
