Валентино Роси ја создаде Академијата за возачи во 2013 година за да помогне во развојот на младите и талентираните .
Академијата моментално има четворица учесници во Мото ГП: Франко Морбидели, Франческо Банаја, Лука Марини и Марко Беџеки. Досега, само Банаја и Морбидели имаат светски титули. 10 години по основањето на академијата, Роси призна дека е изненаден од постигнатите резултати.
„Не очекував толку добри резултати за толку кратко време. Фактот што Банаја ја освои светската титула по моето пензионирање е уникатен знак за континуитет“ – вели Италијанецот.