Судијата Саша Штегелман кој не досуди пенал за Борусија Дортмунд на петочниот меч со Бохум во Бундес-лигата, призна дека направил грешка. „Милионерите“ кои одиграа само 1-1 на теренот на Бохум, со загубените два бода му ја отворија вратата на Баерн Минхен да се пробие на челната позиција доколку денеска слави на домашен терен со Херта. Токму за спорниот миг кој можеше да и донесе победа на Борусија Дортмун се огласи и судијата Штегелман. „Лут сум и бесен. Кога повторно ја видов ситуацијата проценив дека има пенал за Адејеми но, за жал, тоа не го видов на теренот. Сега кога ги…
Author: dino
Нашите најдобри ракометари денеска треба да го потврдат пласманот за европското првенство закажано во 2024 година. Тие од 18.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го реализираат мечот со Турција во рамките на последното коло во квалификациската група. Македонија во првата средба како гостин оствари убедлива победа. Гоце Георгиевски вечерва за последен пат ќе го носи дресот на Македонија и заминува во заслужена репрезентативна пензија.
Доколку Интер обезбеди место во Лигата на шампионите за наредната сезона, тогаш ќе го купи младиот фудбалер на Бриж, Тајон Букенан. Трансферот за сума од 15 милиони евра е условен со пласманот во елитата, најавија денеска дел од медиумите. 24-годишниот фудбалер игра по страничните позиции но, може да се користи и на двете страни од теренот. Репрезентативецот на Канада со одличните партии на Светското првенство во Катар го привлече вниманието на италијанскиот тим.
Барселона, донесе одлука да го затвори клупскиот телевизиски канал и да остави на улица 150 лица. Официјално, – „Barca TV’ ќе престане да постои на 30 јуни кога истекува договорот за емитување на „Movistar Television“. Тешката одлука е донесена со цел да се намалат трошоците. Клубот е заглавен во долгови и до лето мора да ја намали сумата што ја издвојува за плати на сите вработени, вклучувајќи ги и играчите. Барса ТВ постои од 1996 година и се емитува на каталонски, шпански и англиски јазик.
Легендарниот возач во Мото Гран При конкуренцијата, Марк Маркез, откри дека повеќе лекари го советувале да направи пауза за да ја санира повредата која го спречи да настапи на неколку трки. „Ако се тркам, тоа ќе биде затоа што сакам да возам и да ризикувам. Кога три одделни медицински тимови ми кажаа дека би било лудо да возам, не можев да ги игнорирам“ – изјави Маркез. „Ми беше кажано дека ако повторно се повредам има шанса да ја завршам кариерата. Така, одлуката да не се вози беше релативно лесна“ – објасни шесткратниот шампион пред новинарите.
Голманот на Манчестер Сити, Едерсон, имал некоректен однос кон фановите на Арсенал на вечрашното дерби на сезоната во Премиер лигата. Неговиот тим славеше со 4-1 а токму по последниот погодок на Ерлинг Халан, домашниот чувар на мрежата ги исмеваше фановите на „топчиите“ кои беа зад неговиот гол. „Граѓаните“ кои со вчерашниот триумф се доближија до Арсенал на два бода, треба да одиграат два заостанати меча. Доколку ги добијат, тогаш веројатно ќе ја освојат и титулата.
Мејсон Маунт имаше успешна операција на карлицата. Проблемот се појави во месец март а операцијата беше реализирана дури вчера. Фудбалерот на Челзи тоа го потврди преку социјалните мрежи. Маунт објави на – „Инстаграм“ дека „се помина добро и тој се чувствува добро. Играчот од средниот ред додаде дека е возбуден што „се враќа на тренинзите во наредните недели“. -Вчера поминав низ помала процедура за да ја поправам непријатноста што ја имав веќе некое време. Сè чувствувам добро – напиша играчот на „сините“.
Фудбалерот на Лестер, Чаглар Сојунчу, кој има договор до крајот на сезоната може да добие понуда да се пресели во редовите на Атлетико Мадрид, открива весникот – „Атлетик“. 26-годишниот централен бек беше клучен играч на „лисиците“ во претходната сезона но, во тековнава има само седум настапи во сите натпреварувања. Турскиот интернационалец изјави дека нема да прифати понуда за нов договор и дека сака да го напушти стадионот – „Кинг Пауер“.
Емерик Лапорт вели е подготвен да го напушти составот на Манчестер Сити бидејќи не е задоволен од минутажата што ја добива од тренерот, Пеп Гвардиола. Фудбалерот сака во текот на летото да се пресели во редовите на Барселона и за тоа е подготвен да прифати и намалување на платата. 28-годишниот централен дефанзивец на „граѓаните“ сега заработува по 6,5 милиони евра по сезона
Фудбалерот на Интер, Николо Барела ќе биде трансферна цел на Ливерпул во текот на летото, најавија дел од медиумите во Италија. Во исто време и 26-годишниот фудбалер вели дека би сакал да замине на стадионот – „Енфилд“. Неговата цена на трансфер – пазарот е околу 70 милиони евра. Барела во дресот на „нероаѕурите“ има одиграно 42 меча со ефект од 8 голови и 7 асистенции.
