Author: dino

Јошко Миленкоски денеска беше промовиран како нов селектор на нашата машка одбојкарска репрезентација која ја очекуваат настапите во ЦЕВ Европската златна лига и на Европското првенство. „Имав ангажмани надвор и не бев во можност порано да ја прифатам работата. Во целиот период на подготовка ќе одработиме триесетина тренинзи кои мислам дека ќе бидат доволни“- вели Миленкоски кој по 15 години се враќа на позицијата. „Златната лига ќе ни биде како генерална подготовка за Европското првенство во Скопје во август и септември“ – изјави Миленкоски кој го објави и првичниот список на повикани одбојкари.

Read More

Денеска беа формирани двојките за завршниот Ф4 турнир во ракометниот Куп на нашава земја. Бранителот на трофејот Вардар ќе игра со Алкалоид додека Еурофарм Пелистер ќе излезе на мегдан со аутсајдерот, Тинекс Пролет. Мечевите ќе се реализираат на 11 мај во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид. Ден потоа на истата локација ќе ги гледаме и решавачките мечеви за влез во финалето кај ракометарките. Ѓорче Петров ќе се сретне со Вардар додека минатогодишниот освојувач на пехарот, Металург, ќе игра против Куманово. Финалните средби во двете конкуренции (мажи и жени) ќе бидат одиграни в сабота на 13. Мај.

Read More

Екипата на Хјундаи потврди дека Тиери Нојвил, Есапека Лапи и Дани Сордо, ќе учествуваат во шестата трка од Светскиот рели шампионат  која ќе биде возена во Сардинија во почетокот на јуни. Медиумите наведуваат дека трагичниот инцидент со смртни последици за Крег Бин пред стартот на Релито – „Кроација“, практично му овозможи на Сордо да влезе во возилото. За него тоа ќе биде трет настап во сезонава во која стартуваше и во Монте Карло и во Мексико.

Read More

Португалскиот возач во Мото Гран При шампионатот, Мигел Оливеира, ќе мора да го пропушти викендот за Големата награда на Франција. Toj ja лекува повредата што ја заработи на неделната трка за ГН на Шпанија на патеката – „Херез“. Оливеира кој има изместено лево рамо и скршен хумерус, не сака да оди на операција и затоа ќе треба да направи подолга рехабилитација.

Read More

Лошата серија на Челзи по заминувањето на Томас Тухел продолжува. Ниту Греам Потер кој го наследи, ниту пак, Франк Лампард кој сега седи на клупата, не успеаја да ги вратат „сините“ на победничките патеки.   Таа ситуација се чини воопшто не го тангира сопственикот на клубот, Тод Боли. Тој вели дека фудбалот во секоја земја има пазар и секој од нив е различен. „Има пазар во Португалија, еден во Франција и еден во Англија. Јасно е дека треба да изградиш тим. Мислам дека научивме многу“ – изјави Боли.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, планира во текот на летото да ги купи Деклан Рајс и Муса Дијаби, пренесува весникот – „Дејли мејл“. Играчот од средниот ред на Вест Хем и претходно се поврзуваше со трансфер на „Емирати“ додека Муса Дијаби од Баер Леверкузен, дури сега го привлече вниманието на шпанскиот тренер. Францускиот крилен напаѓач во тековнава сезона има 9 голови и 8 асистенции во 29 натпревари во Бундес-лигата . Неговата цена на трансфер-пазарот е околу 60 милиони евра.

Read More

Менаџерот, Ерик Тен Хаг, проговори за повредените фудбалери во  Манчестер Јунајтед. Тој се осврна на дефанзивецот, Рафаел Варан и играчот од средниот ред Скот Мектоминеј. „Варан е поблиску до враќање во игра отколку Мектоминеј. Засега можам да кажам дека сигурно ќе ги пропуштат наредните два меча“ – потенцираше тренерот на „црвените ѓаволи“.   Неговиот тим со 63 бодови го има  4. место на табелата во Премиер-лигата.

Read More

Тренерот на Келн, Штефeн Баумгарт, по сите нервози околу терминот за мечот со Баер Леверкузен, вели дека  работата е средена и дека тензијата треба да се заборави. М ечот беше преместен в петок за да му се даде на Леверкузен повеќе време да се подготви за првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа против Рома. На таа одлука раководството на Келн се пожали дека не било вклучено во одлуката. „Имаме фудбалски натпревар. Тоа е спорт. Мојата желба е сите да останат мирни. Се работи за фудбал и се игра на теренот“ – рече Баумгарт.

Read More

Англискиот фудбалски состав Њукасл сака да го купи крилниот напаѓач, Рафиња, кој се наоѓа на платниот список на Барселона. Премиер-лигашот кој има реална шанса во наредната сезона да настапува во Лигата на шампионите, планира да го засили ростерот во текот на летниот трансфер период. Англичаните за неговиот потпис ќе понудат од 80 до 90 милиони евра.

Read More

Англиската Фудбалска асоцијација започна дисциплинска постапка против менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој имаше коментари за судијата Пол Тирни по неделниот меч со Тотенхем. „Имаме историја со Тирнир, не знам што има против нас. Вели дека нема проблеми но, тоа не вистина“ – потенцираше Германецот по драматичниот финиш.Клоп токму поради тие зборови сега се соочува со казна од ФА.

Read More