Екипата на Хјундаи потврди дека Тиери Нојвил, Есапека Лапи и Дани Сордо, ќе учествуваат во шестата трка од Светскиот рели шампионат која ќе биде возена во Сардинија во почетокот на јуни.
Медиумите наведуваат дека трагичниот инцидент со смртни последици за Крег Бин пред стартот на Релито – „Кроација“, практично му овозможи на Сордо да влезе во возилото.
За него тоа ќе биде трет настап во сезонава во која стартуваше и во Монте Карло и во Мексико.