Шефот на Светскиот рели шампионат на Тојота (WRC), Јари-Мати Латвала, му оддаде почит на возачот на Хјундаи, Крег Брин, кој загина во тест несреќа во Хрватска.
-Крег и јас ја делевме истата страст, љубовта кон старите рели автомобили и возењето со нив“, напиша Латвала на социјалните мрежи.
-Крег го правеше она што најмногу го сакаше во животот – да се трка со рели автомобили. Тоа ја покажува страста што ја имаше за спортот“ – напиша Латвала.