Лидерот во Мото ГП по првите две кола, Марко Безеки, проценува дека тркачкиот викенд во Остин нема да биде полесен поради отсуството на Марк Маркез и Енеа Бастианини. Маркез е најуспешен возач на таа патека а Бастианини таму победи минатата година.
„Навистина мислам дека нема да биде подобро бидејќи има многу возачи на теренот кои можат секогаш да победат“ – рече Беџеки на прес-конференцијата пред почетокот на викендот во Остин.
„Секако дека Марк и Енеа се многу добри, Марк има 7 победи, Енеа победи во 2022 година но, и без нив ќе биде тешко“ – вели Безеки.

