Возачите на Ред Бул остварија нова така наречена 1-2 победа на трката за Големата награда на Азербејџан во Формула 1.
На патеката во Баку, Мексиканецот Серхио Перез прв помина низ целта пред клупскиот колега Холанѓанецот, Макс Верстапен и возачот на Ферари, Чарлс Леклер. Бодови денеска уште освоија и Алонсо, Саинц, Хамилтон, Строл, Расел, Норис и Цунода.
Кај возачите лидер е Верстапен со 93 бодови пред Перез со 87 и Алонсо со 60. Во конкуренција на конструктори прв е Ред Бул со 180 бодови пред Мерцедес со 87. Наредната трка во Формула 1 ќе биде возена на 7 мај на патеката во Мајами за Големата Награда на САД.

