Фудбалерите на Лестер денеска ги чека значаен меч во трката за опстанок во Премиер-лигата. Тие од 21.00 часот ќе излезат на мегдан со Ливерпул кој пак, се бори за место во Лигата на шампионите. Првите луѓе на „лисиците“ свесни дека се намалени шансите за опстанок, најавија радикални мерки. Прво, нема да биде реализирана традиционалната вечера на која играчите добиваа подароци и второ, нивните плати ќе бидат преполовени доколку во наредната сезона играат во Чемпионшип конкуренцијата. Сензационалниот освојувач на Премиер-лигата од 2016 година до крајот на сезоната ќе треба да одигра со Њукасл и со Вест Хем.
Author: dino
Шведскиот репрезентативец, Дејан Кулушевски, кој има потекло од Македонија, ќе остане во редовите на Тотенхем откако челниците одлучиле да му го откупат договорот, најави весникот – „The Sun“. Тој беше ангажиран на позајмица од Јувентус за период од 18 месеци а договорот меѓу двата клуба вклучува опција за негово откупување за 35 милиони евра. Кулушевски има одиграно 54 натпревари за „спарси“ во сите конкуренции со ефект од седум голови и 15 асистенции
Лос Анџелес Лејкерс го совлада Голден Стејт со 122:101 во шестиот меч од полуфиналната серија на Западот и со вкупни 4-2 си обезбеди место во конференциското финале. Тимот предводен од Леброн Џејмс кој имаше 30 поени, 9 скокови и исто толку асистенции, направи големо изненадување елиминирајќи го бранителот на тронот. Така наречениот „крал“ на 38 години, успеа да се изедначи со Карим Абдул-Џабар кога станува збор за бројот на кошеви и најмалку 5 асистенции и 5 скокови направени во меч од плеј-офот. Леброн сега има 41 победа во плеј-оф серијата во неговата 20-годишна кариера со што го надмина претходниот рекордер,…
Кошаркарите на Мајами влегоа во финалето на Истокот откако во текот на ноќта го совладаа составот на Њујорк со 96:92 и дојдоа до вкупни 4-2 во полу-финалната серија. Во победничкиот состав Џими Батлер постигна 24 поени, 8 скока и 4 асистенции а Бам Адебајо мечот го заврши со 23 поени и 9 скокови. За Њујорк се истакна Џејлен Брунсон со 41 поен, 4 скока и 3 асистенции. „Жешките“ по десетти пат клупската историја или гледано трет пат во последните четири години успеаја да влезат во конференциското финале. Мајами стана само вториот осми носител во историјата на НБА кој го направил…
Том Брејди, еден од легендарни играчи во американскиот професионален фудбал – НФЛ, најави дека преговара со Лас Вегас Рајдерс за да стане дел од сопственичката гарнитура. Станува збор за договор со кој седумкратниот шампион во Супер Бол, ќе стане партнер во Рајдерс, во сопственост на Марк Дејвис.Според извештаите, двете страни ја разгледуваат таа можност. Брејди кој помина 23 сезони во НФЛ, неодамна стана и малцински сопственик на Лас Вегас Ејс, шампионот на женската национална кошаркарска асоцијација во САД.
Франческо Бањаја со моторот на Дукати ќе стартува од првата позиција во спринтот и воедно на главната трка за Големата награда на Франција која е ќе биде 1000-та во историјата на светскиот Гран При шампионат. Италијанецот победи во квалификациите со време од 1:30.705, пред шесткратниот светски шампион. Марк Маркез. Веднаш до нив на стартот на трката која ќе биде реализирана на патеката Бугати, ќе биде Лука Марини од екипата на Хонда.
Денеска во салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе бидат одиграни финалните мечеви во ракометниот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција. Први на теренот ќе излезат Вардар и Куманово во женското финале кое е закажано од 15.00 часот. Вардарки вчера славеа против Ѓорче Петров додека Куманово без борба влезе во финалето откако бранителот на трофејот, Металург, се откажа поради финансиски проблеми. Во терминот од 18.00 часот ќе се одигра машкото финале во кое Вардар ќе се сретне со Еурофарм Пелистер. „Црвено-црните“ ќе се обидат да го задржат пехарот од минатата сезона додека Битолчани доколку го освојат, ќе бидат на…
Европската фудбалска федерација наводно, размислува на Истанбул да му го одземе финалето од Лигата на шампионите и да го префрли во Лисабон. „Дејли Мејл“ објави дека УЕФА направила контакти со Португалската фудбалска федерација. Причина за промена е атмосферата во Турција поради одржувањето на претседателските избори. Луѓето од врвот на европскиот фудбал стравуваат дека во турскиот град би можело да има големи нереди.
Аргентинецот, Марсело Биелса, ќе го преземе кормилото на фудбалската репрезентација на Уругвај. Тој ќе ја има функцијата најмалку до Мундијалот во 2026 година. „Постигнавме договор, разликите во барањата се преклопија, останува само потпишувањето на договорот“, потврди членот на Извршниот одбор на Уругвајската федерација, Хорхе Касалес. Биелса на кормилото на поранешните светски шампиони треба да дебитира во јуни на пријателските натпревари против Никарагва и Куба.
Дефанзивецот на Лестер, Тимоти Кастан, ќе добие понуда во текот на летото да се пресели во Лондон во редовите на Арсенал. 27-годишниот фудбалер по дефиниција е десен бек но, може успешно да игра и во средината на одбраната па дури и на десната странична позиција. Тој за Белгија има реализирано 31 меч и постигнато 2 гола. „Лисиците“ се во тешка ситуација на табелата и доколку испадната од Премиер-лигата, се претпоставува дека повеќето играчи ќе бидат ставени на трансфер пазарот.
