Том Брејди, еден од легендарни играчи во американскиот професионален фудбал – НФЛ, најави дека преговара со Лас Вегас Рајдерс за да стане дел од сопственичката гарнитура.
Станува збор за договор со кој седумкратниот шампион во Супер Бол, ќе стане партнер во Рајдерс, во сопственост на Марк Дејвис.Според извештаите, двете страни ја разгледуваат таа можност.
Брејди кој помина 23 сезони во НФЛ, неодамна стана и малцински сопственик на Лас Вегас Ејс, шампионот на женската национална кошаркарска асоцијација во САД.