Лос Анџелес Лејкерс го совлада Голден Стејт со 122:101 во шестиот меч од полуфиналната серија на Западот и со вкупни 4-2 си обезбеди место во конференциското финале.
Тимот предводен од Леброн Џејмс кој имаше 30 поени, 9 скокови и исто толку асистенции, направи големо изненадување елиминирајќи го бранителот на тронот. Така наречениот „крал“ на 38 години, успеа да се изедначи со Карим Абдул-Џабар кога станува збор за бројот на кошеви и најмалку 5 асистенции и 5 скокови направени во меч од плеј-офот.
Леброн сега има 41 победа во плеј-оф серијата во неговата 20-годишна кариера со што го надмина претходниот рекордер, Дерек Фишер.