Кошаркарите на Мајами влегоа во финалето на Истокот откако во текот на ноќта го совладаа составот на Њујорк со 96:92 и дојдоа до вкупни 4-2 во полу-финалната серија.
Во победничкиот состав Џими Батлер постигна 24 поени, 8 скока и 4 асистенции а Бам Адебајо мечот го заврши со 23 поени и 9 скокови. За Њујорк се истакна Џејлен Брунсон со 41 поен, 4 скока и 3 асистенции. „Жешките“ по десетти пат клупската историја или гледано трет пат во последните четири години успеаја да влезат во конференциското финале.
Мајами стана само вториот осми носител во историјата на НБА кој го направил тој успех. Претходно тоа го направија „Никси“ во 1999 година.