Кошаркарите на Денвер во текот на ноќта го совладаа на гости Лос Анџелес Лејкерс со 119 спрема 108 и направија голема предност 3-0 во финалната серија во Западната конференција во НБА лигата.
Џамал Мареј со 37 поени, седум скокови и шест асистенции беше лидер во победничкиот тим додека Никола Јокиќ постигна 24 поени, имаше шест скокови а додаде и осум асистенции.
Мечот го одбележа и моментот кога Леброн Џејмс без намера се судри со судијата Скот Фостер и му ја раскрвави устата па мораше да интервернира медицинскиот тим.