Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, вели дека 23 трки се доволни во една сезона во Ф 1 иако договорот предвидува до 25.
„За мене 23 е горната граница, имаме неколку последователни викенди а тоа е многу напорен распоред. Посебно е тешко за фановите кои ќе треба да одвојат повеќе време и пари за да ја гледаат целата сезона“ – објасни Хорнер.
Кон крајот на минатата година Светскиот совет на ФИА одобри рекорден календар во Формула 1 за 2023 година во кој се вметани 24 трки.