Така наречениот „Принц на Рим“, Франческо Тоти, сака менаџерот Жозе Мурињо да остане на клупата на Рома иако се почести се шпекулациите дека за неговите услуги се заинтересирани повеќе клубови. „Тоа е фудбал и тоа е избор на Жозе. Мислам дека тој и клубот одлучија и тоа ќе го објават по финалето на Лига Европа. Се надевам дека соработката ќе продолжи и по сезоната 2023/24“ вели легендарниот играч на „римската волчица“ кој се насочи и кон финалето во Лига Европа. „Се надевам дека Рома ќе победи против Севија иако во финалето се може да се случи. Се надевам дека Дибала…
Author: dino
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони, нема да го пропушти само финалето на ФА Купот против Манчестер Сити туку и претсезонската турнеја во САД. Бразилецот доби повреда на скочниот зглоб на синоќешниот натпревар со Челзи. Тој веднаш беше изнесен на носилки. „Црвените ѓаволи“ стравуваат дека ја обновил повредата што ја заработи додека беше играч на Ајакс. Тренерот, Ерик тен Хаг, призна дека повредата на Антони е сериозна. Фудбалерот допрва треба да биде подложен на детален лекарски преглед.
Менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола, ќе почека до утрешниот тренинг за да одлучи кои играчи ќе ги пријави за последната пресметка во Премиер лигата против Брентфорд. Под знак прашалник се дури седум но, шпанскиот стручњак тврди дека ќе излезе со најсилниот можен состав бидејќи не сака тимот да го загуби ритамот пред финалето со Манчестер Јунајтед во ФА Купот и со Интер во Лигата на шампионите. „Тоа е нешто што се случува еднаш во животот – да се освои Премиер лигата и да се играат две финалиња до крајот на сезоната“ – изјави Гвардиола на денешната прес-конференција.
Селекторот, Герет Саутгејт го објави списокот на фудбалери за јунските квалификациите за ЕП 2024. „Гордиот Албион“ на 19. јуни на стадионот – „Олд Трафорд“ ќе ја пречека Македонија. На списокот се голманите: Сем Џонстон, Џордан Пикфорд и Арон Рамсдејл. Одбрана: Трент Александер-Арнолд, Луис Данк, Марк Геи, Хари Мегваер, Тајрон Мингс, Лук Шо, Џон Стонс, Киеран Трипие и Кајл Вокер. Среден ред. Џуд Белингам, Еберечи Езе, Конор Галагер, Џордан Хендерсон, Калвин Филипс и Деклан Рајс. Напаѓачи: Фил Фоден, Џек Грилиш, Хари Кејн, Џејмс Мeдисон, Маркус Рашфорд, Букајо Сака и Калум Вилсон. Натпреварот Англија- Македонија ќе биде одигран во вечерниот термин од 20.45…
Кристијано Роналдо кој настапува за Ал Наср, вели дека првенството во Саудиска Арабија наскоро ќе биде помеѓу најдобрите во светот. „Саудиската фудбалска лига е се посилна. Чекор по чекор, ќе стане една од најдобрите пет во светот иако за тоа треба време, играчи, инфраструктура… Верувам дека има неверојатен потенцијал“ – изјави Португалецот. Неговиот тим на две кола до крајот на шампионатот заостанува три бода во однос на лидерот Ал Итихад.
Франческо Калво кој е дел од раководните структури во Јувентус, потврди дека фудбалерот Душан Влаховиќ, нема да биде ставен на траснфер листата иако деновиве медиумите го тврдат спротивното. „Гласините секако не можеме да ги контролираме. Немаме намера да го продаваме Влаховиќ“ – вели Калво. Српскиот интернационалец влегува во радарот на неколку екипи од Англија. Во преден план се Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Дефанзивецот на Баерн Минхен, Лука Ернандез учествуваше на последниот тренинг на германскиот тим по долго отсуство поради повреда. 27-годишниот француски репрезентативец е надвор од терените од ноември поради повредата што ја заработи на Светското првенство во Катар. Сепак, дефанзивецот нема да биде подготвен за последното коло од Бундеслигата. Неговиот тим в саботa ќе игра со Келн
Четирикратната победничка во скок во далечина во Дијамантската Лига, Ивана Вулета, ќе го брка третиот по ред дијамант. Србинката ќе го започне учеството на 2 јули во Стокхолм. Таа има 16 успеси во Дијамантската лига низ годините. Тој град е среќен за неа бидејќи има три победи. Конкуренција во Шведска ќе и биде олимписката и светската шампионка, Малаика Михамбо, која има дијамантски трофеј во 2019 година
Кошаркарите на Бостон Селтикс го победија Мајами Хит со 116:99 и намалија на 3-1 во плеј-офот од Источната конференција. Џејсон Тејтум имаше 33 поени, 11 скока и 7 асистенции а Џејлен Браун 17 кошеви. Во поразениот тим се издвои Џими Батлер со 29 поени и 9 скокови. Нова пресметка меѓу двата тима ќе има в петок во 02.30 часот по наше време. Бостон ќе ја има улогата на домаќин.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор ќе може да настапи против Рајо Валјекано откако судиската комисија му го поништи црвениот картон кој го доби на натпреварот против Валенсија. Бразилецот беше исклучен откако удри противнички играч а судиите во ВАР собата погрешно ја проценија ситуацијата. Имено, на потегот на Жуниор претходеше удар токму на противникот. Затоа сите судии од ВАР се суспендирани.
