Кошаркарите на Бостон Селтикс го победија Мајами Хит со 116:99 и намалија на 3-1 во плеј-офот од Источната конференција.
Џејсон Тејтум имаше 33 поени, 11 скока и 7 асистенции а Џејлен Браун 17 кошеви. Во поразениот тим се издвои Џими Батлер со 29 поени и 9 скокови.
Нова пресметка меѓу двата тима ќе има в петок во 02.30 часот по наше време. Бостон ќе ја има улогата на домаќин.