Серхио Љуљ кој успеа да погоди во последниот шут и да му донесе титула на Реал Мадрид во кошаркарската Евро-лига, вели дека на тајм-аутот добил наредба од тренерот да се обиде да поентира.
Шпанците доцна синоќа во крајно интересно и неизвесно финале на Фајнал-фор турнирот во литванскиот град Каунас, го победија грчкиот, Олимпијакос, со минимални 79-78.
„Кога тренерот ја нацрта акцијата за последниот напад, ми наложи да шутирам. Ударот беше тежок но, верував дека ќе погодам“ – рече Љуљ кој успеа да се израдува на четвртата титула во неговата кариера.