Третиот викенд на ТЦР Европа се вози на легендарната патека Спа Франкоршамп во Белгија. Новиот формат во борбата за светската титула предвидува ТЦР Светската серија да се вози заедно со повеќе различни ТЦР првенства.
На крајот од годината да се направи посебен настан на кој што право на учество ќе добијат 60 најдобри возачи кои ќе се борат за светската круна. Меѓу нив е македонскиот возач Виктор Давидовски, кој на квалификации го освои петтото место во конкуренција на возачите на ТЦР Европа додека меѓу сите 23 уесници е рангиран на 13 место.
Првата трка се вози денеска со почеток во 15.30 а втората ќе биде в недела со почеток од 12.40 часот.