Author: dino

Манчестер Јунајтед утре ќе го одигра финалето во ФА Купот против градскиот ривал Сити кој ја одбрани титулата во Премиер-лигата а набрзо го чека и финалето во Лигата на шампионите. Играчот од средниот ред на „црвените ѓаволи“, Бруно Фернандеш, вели дека натпреварот е многу значаен за неговиот тим и треба да биде патоказ како да се дојде до успех. „Мислам дека ако го освоиме ФА Купот ќе ни даде дополнителна верба дека можеме да имаме и поголеми цели. Сакам да освојувам трофеи“ – вели Португалецот.

Read More

Фудбалерот на Челзи, Каи Хаверц, може да добие понуда да се пресели во Реал Мадрид, наведува денеска весникот – „ Marca“. „Белите“ наводно, ќе се обидат да го купат 23-годишниот играч доколку не успеат во намерите да ги ангажираат Хари Кејн или Рандал Коло Муани. Германецот во сезоната што заврши одигра 47 мечеви во сите натпреварувања. Тој постигна девет голови и направи една асистенција. Договорот на играчот со „сините“ е до крајот на јуни во 2025 година. Неговата трансферна сума е околу 60 милиони евра.

Read More

Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао, денеска го парафираше новиот договор со „росонерите“ кој ќе го задржи на стадионот – „Сан Сиро“ до летото во 2028 година.Во неговиот договор има откупна калузула од 175 милиони евра. „Многу сум среќен. Очекувам заедно да направиме големи работи “ – потенцираше напаѓачот на италијанскиот гигант. Леао претходно играше за Спортинг Лисабон и за Лил. Од 2019 година го носи дресот на Милан.

Read More

Селекторот на фудбалерите, Благоја Милевски, соочен со отсуството на Бојан Миовски, Дарко Чурлинов, Кире Ристевски, Стефан Спировски и Бобан Николов, вели дека мора да ги прегази принципите и да повика играчи што не се во оптимална форма. „Останавме без две опции за напад, ќе пробаме да извлечеме максимум со тие што ги имаме. Јас ги погазувам принципите кои ги воведов дека ќе бидат повикани тие што играат и се во најдобра форма но, во моментов ако се водам по тоа – 70 отсто од играчите не би биле викнати“ – вели Милевски. Првиот меч во јунскиот дел ќе го одиграме…

Read More

Селекторот, Благоја Милевски, ќе тренира со 29 фудбалери за претстојните јунски мечеви против Украина и Англија во рамките на квалификациите за Европското првенство. Дебитант е  Сефер Емини додека од стандардните ги нема повредениот Бојан Миовски како и Кире Ристевски, Стефан Спировски и Бобан Николов поради мала минутажа. Мечот со Украинците ќе го одиграме на 16 јуни во Скопје додека три дена подоцна ќе гостуваме кај Англија.

Read More

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, го известил претседателот на клубот, Даниел Леви, дека не сака да биде продаден во странство. Единствениот клуб во кој сака да се пресели е Манчестер Јунајтед, тврди весникот – „Сан“. Фудбалерот сака да остане во Премиер лигата и да се обиде да го надмине рекордот на Алан Ширер кој е лидер со 260 голови. Репрезентативецот на Англија има договор за уште една сезона и доколку не биде продаден во текот на летото, тогаш догодина ќе си замине како слободен играч. 

Read More

Манчестер Јунајтед ги договорил личните услови со Мејсон Маунт, велат последните информации од фудбалска Англија. „Црвените ѓаволи“ ќе платат околу 50 милиони евра за да дојдат до потписот на фудбалерот на Челзи кој има уште една година од договорот со „сините“. Медиумите наведуваат дека за Маунт биле заинтерсирани луѓето од Ливерпул и Арсенал но, дека тој имал желба да заигра на стадионот – „Олд Трафорд“.

Read More

Поранешниот фудбалер на Милан и на репрезентацијата на Украина, Андриј Шевченко, ќе организира меч во хуманитарни цели на стадионот „Стемфорд Бриџ“. Натпреварот во Лондон ќе се одигра на 5 август а ќе настапат „легендите на Арсенал, Челзи и Милан“, изјави Шевченко за Ројтерс. Поранешниот голгетер на Динамо Киев го посети училиште во Чернихов кое беше делумно уништено по рускиот ракетен напад во март 2022 година. Парите собрани од хуманитарниот фудбалски натпревар целосно ќе бидат вложени во реставрација на училишната зграда.

Read More

Фудбалерот на Севилја, Иван Ракитиќ, не ја криеше радоста по вчерашната победа против Рома во финалето на Лига Европа. Тимот од Пирините ја совлада „волчицата“ од Рим дури по изведувањето на пенали и успеа да стигне до 7 трофејот во исто толку финалиња. „Понекогаш во кариерата имате посебни моменти. На 35 години да се игра ваков натпревар е неверојатно. Мило ми е што трофејот e повторно наш“ – вели играчот на шпанскиот состав.

Read More

Фудбалерите на Севилја го освоија пехарот во Лига Европа откако во финалето победија против Рома по изведувањето на пенали со 3-1. На стадионот во Будимпешта италијанците поведоа со голот на Дибала во 35 минута додека Шпанците дојдоа до изедначување во 55-та кога несреќниот Манчини си постигна автогол. До крајот на мечот и во двете продолженија два пати по 15 минути стрелците не се наметна и резултатот остана непроменет. По пенал-рулетот пехарот замина во Шпанија. За Севилја тоа е седмиот трофеј во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Тренерот на италијанскиот тим Жозе Мурињо не ја продолжи фантастичната серија на победи…

Read More