Осум македонски тенисери во сингл конкуренција се појавија денеска на терените на ТК Југ во рамките на првото коло на ИТФ фјучрсот во Скопје. Еве ги нивните резултати. Калин Ивановски (4,Македонија) – Тибо Колсон (Белгија) 2-1 (4-6/6-2/6-4) Амар Хусеиновиќ (Македонија) – Тимур Биелдиугин (Украина) 0-2 (1-6/2-6) Лука Петровиќ (В.Британија) – Марко Стоилковски (Македонија) 2-0 (6-4/6-1) Лазар Војиновиќ (Србија) – Обрад Марковски (Македонија) 2-0 (6-3/6-4) Берк Бугариќ (Македонија) – Нини Габриел Дика (Романија) 2-0 (1-6/6-7) Давуд Амиров (Русија) – Бесир Дургути (Македонија) 2-0 (6-3/6-1) Томислав Јотовски (Македонија) – Горазд Србљак (Македонија) 0-2 (0-6/0-2)
Author: dino
Возачите во Формула 1, Фернандо Алонсо и Ленс Строл, ќе добијат подобри болиди за трката во Канада закажана во средината на јуни, најавија денеска луѓето од Астон Мартин. Шпанецот откако имаше големи проблеми во квалификациите во Барселона, апелираше до тимот да ги направи потребните корекции на возилото за да остане конкурентен за висок пласман. „Фернандо е апсолутно во право што бара да го развиеме болидот. Ќе имаме нови работи во Канада. Тоа ќе биде чекор напред“ – коментираше тимскиот шеф, Мајк Крак.
Аналитичарот, Марк Престли, кој работеше во Мекларен, се сомнева дека Серхио Перез ќе остане во екипата на Ред Бул во Формула 1 иако има договoр до 2024 година. „Перез направи грешки во квалификациите во Шпанија. Знае дека има многу брз болид но, го освои само четвртото место“ – вели Пристли. Во исто време, шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, очекува Мексиканецот да го подобри возењето на патеката и повторно да се искачува на подиумот.
Првиот напаѓач на фудбалскиот состав Кристал Палас, Вилфрид Заха, добил понуда да се пресели во екипата на Ал Наср и да му биде партнер Кристијано Роналдо, велат медиумите на Островот. На напаѓачот на „орлите“ на крајот на месецов ќе му заврши договорот со англискиот тим по што ќе биде слободен за нов ангажман. Неофицијално, понудата на Заха од Саудиска Арабија ќе биде околу 45 милиони фунти во текот на три сезони.
Луѓето од Челзи по доаѓањето на новиот менаџер, Маурисиo Покетино, полека работат на летната селекција. Според медиумите, нивна трансферна цел ќе биде фудбалерот на Фулам, Александар Митровиќ, кој има договор до 2026 година. Репрезентативецот на Србија беше еден од најдобрите во штотуку завршената сезона и прашање е дали неговиот тим ќе сака да се раздели со него. Во моментов не се споменува евентуалната сума што „сините“ би ја платиле за корпулентниот напаѓач.
Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен, кој го освои првото место кај голгетерите во Серија „А“ и воедно успеа да се израдува на шампионската титула, вели дека за неговиот евентуален трансфер ќе реши претседателот на клубот. „Мојата иднина? Газда Аурелио решава. Знам само дека го сакам Неапол, ги сакам луѓето тука, има неверојатна љубов“ – вели црномурестиот напаѓач. Не е тајна дека за потписот на Нигериецот се заинтересирани големите гиганти од типот на Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Реал Мадрид.
Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, ја прифатил понудата на Реал Мадрид. „Кралевите“ на голгетерот му понудиле договор за три години со плата од 11 милиони евра по сезона. Сега останува двата тима да се договорат околу обештетувањето. Шпанците првично понудиле околу 80 милиони иако „спарси“ бараат многу повеќе. Кејн има договор до летото во 2024 година и доколку сега не направи трансфер, тогаш ќе може како слободен играч да си замине во друг состав.
Бразилскиот фудбалер, Касемиро, кој беше еден од најдобрите во редовите на Манчестер Јунајтед, се осврна на дебитантската сезона кај „црвените ѓаволи“. Тој преку социјалните мрежи им се заблагодари на фановите за поддршката и вети дека тимот ќе се врати на шампионските патеки. „Славните денови мора да се вратат. Јас дојдов за тоа, напред Јунајтед“ – без зборовите на одличниот играч за врска.
Кристијан Хорнер минатата година сериозно размислуваше да го напушти составот на Ред Бул и да го преземе Ферари, вели советникот на тимот во Формула 1, д-р Хелмут Марко. Хорнер од 2005 година успеа да се израдува на 6 светски титули кај возачите и пет кај конструкторите. Ред Бул ја започна тековната сезона со седум победи во исто толку трки. „Ми требаше цела ноќ да го убедам Хорнер да остане во Ред Бул и тоа не чинеше дополнителни милиони“ – потврди Марко.
Фудбалерот, Алфонсо Дејвис, кој имаше одлична сезона во дресот на Баерн Минхен, нема да биде ставен на трансфер листата иако за неговите услуги е заинтересиран составот на Реал Мадрид. Брзоногиот бек во претходната сезона одигра 38 мечеви со ефект од три гола и осум асистенции. Неговиот договор е до јуни 2025 година а трансферната сума се проценува на околу 70 милиони евра. Одредени извори тврдат дека 22-годишниот канадски дефанзивец нема да го напушти германскиот состав.
