Аналитичарот, Марк Престли, кој работеше во Мекларен, се сомнева дека Серхио Перез ќе остане во екипата на Ред Бул во Формула 1 иако има договoр до 2024 година.
„Перез направи грешки во квалификациите во Шпанија. Знае дека има многу брз болид но, го освои само четвртото место“ – вели Пристли.
Во исто време, шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, очекува Мексиканецот да го подобри возењето на патеката и повторно да се искачува на подиумот.