Возачите во Формула 1, Фернандо Алонсо и Ленс Строл, ќе добијат подобри болиди за трката во Канада закажана во средината на јуни, најавија денеска луѓето од Астон Мартин.
Шпанецот откако имаше големи проблеми во квалификациите во Барселона, апелираше до тимот да ги направи потребните корекции на возилото за да остане конкурентен за висок пласман.
„Фернандо е апсолутно во право што бара да го развиеме болидот. Ќе имаме нови работи во Канада. Тоа ќе биде чекор напред“ – коментираше тимскиот шеф, Мајк Крак.