Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, со „трипл-дабл“ ефект од 27 поени, 10 скока и 14 асистенции, беше еден од најзаслужните за победата против Мајами во првиот натпревар од финалето на НБА.
„Знам дека не треба да постигнувам многу поени за да имам влијание врз играта. Значајна е само победата“ – потенцираше центарот на Денвер.
Неговиот тим на 5 јуни ќе биде домаќин и на втората средба од финалната серија која ќе се игра до 4 победи.
