Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја обезбеди пол-позицијата за утрешната трка за ГН на Шпанија.
Холанѓанецот ги остави зад него Карлос Саинц и Ландо Норис додека Пјер Гасли најверојатно ќе се соочи со казна па Луис Хамилтон ќе ја започне трката од вториот стартен ред.
Меѓу првите 10 се најдоа: Ленс Строл, Естебан Окон, Нико Хулкенберг, Фернандо Алонсо и Оскар Пијастри.

