Author: dino

На фудбалскиот состав Арсенал му треба нов централен бек бидејќи Роб Холдинг би можел да го напушти клубот во текот на летото, најавуваат медиумите во Англија.  „Топчиите“ не кријат дека се импресионирани од напредокот на Марк Гаj во Кристал Палас и затоа размислуваат да му испратат понуда. Дефанзивецот со неговите одлични партии дури започна да добива повик и во националниот тим на Англија. 

Read More

Денеска во МОК беа претставени нашите репрезентативци кои ќе настапат на Европските Игри во Полска од 21 јуни до 02 јули. Македонија ќе биде застапена во 7 спортови со вкупно 17 натпреварувачи меѓу кои како фаворити за медал се издвојуваат: сребрениот Олимпиец во таеквондо , Дејан Георгиевски,  носителот на европско злато, Емил Павлов – карате и освојувачката на бронза од последното европското клупско првенство во таеквондо, Милја Рељиќ. Покрај нив во експидицијата се вклучени и Никола и Владимир Малески ( кајак-спринт), Анастасија Мојсовска и Мартин Ангелески ( спортско стрелаштво), боксерите, Ален Рустемовски, Илхан Атила и Арјан Исени. Ангел Петрушев ќе…

Read More

Шампионот Еурофарм Пелистер и ракометарите на Вардар, влегоа во иста група за наредната натпреварувачка сезона а нивното прво дерби ќе биде во стартното коло. Мечот ќе биде одигран во Скопје. Еве ги и другите двојки за 1 коло во групата „Б“. Пролет-Вардар Неготино, Прилеп-Бутел и Мулти Eсенс-Голден АРТ. Во групата „А“ вице-шампионот Алкалоид ќе гостува кај Скопје додека на другите терени ќе играат: Струга-Охрид, Куманово –Аеродром и Тиквеш-Еурофарм Пелистер 2. На новата сезона која треба да стартува во септември ќе и претходи Супер Купот меѓу првакот Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот во претходната сезона – Вардар.

Read More

Арсенал понудил 80 милиони фунти плус 10 како дополнителни бонуси за потписот на Деклан Рајс но, челниците на Вест Хем експресно одбиле, наведуваат попладнево медиумите во Англија. Популарните „чекани“ за одличниот фудбалер бараат најмалку 100 милиони фунти. Познато е дека за англискиот репрезентативец се заинтересирани Челзи и Манчестер Јунајтед а од  денеска и шампионот Манчестер Сити. Наводно, „граѓаните“  започнале да бараат замени за Илкај Гундоган и Бернардо Силва кои се на излезната врата од стадионот – „Етихад“.  

Read More
NBA

Кошаркарот, Бредли Бил, започна преговори со Вашингтон за да добие дозвола да замине во друг состав. Тој е единствениот играч во НБА кој има анти-трејд клаузула во неговиот петгодишен договор кој го потпиша во 2022-ра. Преодниот рок во САД започнува на 1 јули а за Бил наводно се заинтересирани: Филаделфија, Милвоки и Мајами. Играчот на Вашингтон во претходната сезона поради проблеми со повредите одигра 50  средби со просек од 23,2  поени.

Read More

Фудбалерот на Тотенхем, Ричарлисон, ги коментираше шпекулациите дека за неговиот потпис е заинтересиран Реал Мадрид кој бара замена на Карим Бензема кој замина во Саудиска Арабија. „Се разбира, Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот. Секој играч сака да го носи тој дрес. Но, имам договор и морам да докажам зошто Тотенхем ме купи по голема цена“ – изјави Ричарлисон. Бразилецот  дојде кај „спарси “ пред една година за големи 60 милиони фунти. Тој во првата сезона во лондонскиот клуб постигна само три гола и направи четири асистенции на 35 натпревари во сите конкуренции.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, му честиташе на градскиот ривал Манчестер Сити за освоените пехари во Премиер-конкуренцијата, Лигата на шампионите и ФА Купот на Англија. „Најдобриот тим освојува најмногу трофеи. Сега тие имаат три, што е добро за нив. Од Манчестер Сити зависи дали ќе ги задржат пехарите“  – вели играчот на „црвените ѓаволи“. „Погледнете ги Барселона и Реал Мадрид, – тие беа постојано најдобри тимови, затоа и освоија многу трофеи“ – изјави Рашфорд.

Read More

Фудбалерот на Јувентус, Хуан Куадрадо, на крајот на месецот ќе биде слободен играч и веројатно ќе замине во друга земја, најавија денеска медиумите во Италија. За неговиот потпис се заинтересирани екипите на Валенсија (Шпанија) и турскиот, Фенербахче. 35-годишниот ветеран  во последната сезона кај „старата дама“ имаше 47 мечеви во сите конкуренции со ефект од 2 гола и 4 асистенции. Репрезентативецот на Колумбија претходно играше и во Челзи, Удинезе, Лече, Фиорентина и Индепендиенте Меделин.

Read More

Италијанската влада размислува за голема промена во спортската легислатива која ќе влијае на регулирањето на локалното фудбалско првенство или поточно на казните за одземање на бодови. Доколку се прифатат предложените измени, тогаш санкциите со повлекување на бодовите ќе може да се прават само пред или по завршувањето на фудбалската сезона. Како пример е посочен Јувентус кој во јануари беше казнет со одземање на 15 бодови од Италијанската фудбалска федерација, во април, италијанскиот олимписки комитет ја укина таа казна за во мај повторно да биде изречена од фудбалската федерација но, со – 10 бодови.

Read More

Фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед до крајот на неделава може да добие нов сопственик, најавуваат медиумите во Англија. Според наведеното, британскиот милијардер, Сер Џим Ретклиф, е главниот фаворит иако инвеститорите од Катар на чело со шеикот Џасим бин Хамад ал Тани, дале нова понуда која е блиску до 6 милијарди фунти што ги бара семејството Глејзер. Процесот на продажба на Манчестер Јунајтед започна уште во ноември а навивачите се надеваа дека ќе биде завршен пред отворањето на летниот преоден рок на 14 јуни.

Read More