Шампионот Еурофарм Пелистер и ракометарите на Вардар, влегоа во иста група за наредната натпреварувачка сезона а нивното прво дерби ќе биде во стартното коло. Мечот ќе биде одигран во Скопје.
Еве ги и другите двојки за 1 коло во групата „Б“. Пролет-Вардар Неготино, Прилеп-Бутел и Мулти Eсенс-Голден АРТ. Во групата „А“ вице-шампионот Алкалоид ќе гостува кај Скопје додека на другите терени ќе играат: Струга-Охрид, Куманово –Аеродром и Тиквеш-Еурофарм Пелистер 2.
На новата сезона која треба да стартува во септември ќе и претходи Супер Купот меѓу првакот Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот во претходната сезона – Вардар.