Author: dino

Фудбалерот на Интер, Стефан де Врај, ја продолжил соработката со „нероаѕурите“ за уште две години иако имал понуда да замине во Саудиска Арабија во екипата на Ал Шабаб. Тоа денеска го потврди неговиот агент, Федерико Пасторело, со напомена дека самиот фудбалер не сакал да си замине од Милано и италијанскиот фудбал. „Ги прецизираме сите детали. Потврдувам дека имаше исклучително интересна понуда од Саудиска Арабија но, Стефан има 31 година. Тој одлучи да остане иако имаше и други понуди“ – изјави Пасторело.

Read More

Манчестер Сити ја испрати првата понуда за фудбалерот од средниот ред на Челзи, Матео Ковачиќ кој има договор со „сините“ до наредното лето. Таа е во висина од 25 милиони фунти.  Според медиумите во Англија, хрватскиот фудбалер претходно ги договорил личните услови со „граѓаните„ што значи дека останува само двата тима да ја договорат трансферната сума. 29-годишниот Ковачиќ има играно за Динамо Загреб, Интер и Реал Мадрид. За „коцкестите“ се појавил на 95 средби и постигнал пет голови.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Арсенал сакаат да го засилат тимот за наредната сезона во која покрај домашните обврски, ќе ги чека и настапот во Лигата на шампионите. „Топчиите“ започнале интензивни преговори со играчот на Ајакс, Јуријен Тимбер. Холандскиот фудбалер  игра како дефанзивец за клубот и за репрезентацијата на „лалињата“.   Иако е по дефиниција стопер, може да одговори на обврските и како десен бек. Тимбер и се приклучи на младинската академија на Ајакс во 2014 година од екипата на Феенорд.

Read More

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен,  победи на трката за Големата награда на Канада во Формула 1 возена на патеката – „Жил Вилнев“. Холанѓанецот  дојде до 41 триумф со што се изедначи со легендарниот, Аиртон Сена. Фернандо Алонсо со болидот на Астон Мартин успеа да  се пробие на второто место додека Луис Хамилтон со Мекларен го освои третото.  Шарл Леклер и Карлос Саинс од Ферари беа веднаш зад првите тројца. Бодови денеска освоија и Серхио Перез со Ред Бул, Алекс Албон во Вилијамс, Естебан Окон со Алпин, Лендо Норис од Мекларен и Валтери Ботас возач на Алфа Ромео. Наредната сезонска…

Read More

Селекторот, Благоја Милевски, вели дека фудбалерите ќе имаат шанса на теренот на Англија да ги покажат нивните вредности и целиот потенцијал кој ни донесе неколку изненадувања против фаворитите. „Ваков натпревар играте можеби еднаш во своите кариери, играчки или тренерски. Сите тие изминатите години покажаа дека имаат сили, знаење и потенцијал да се надигруваат со секоја квалитетна репрезентација, па верувам така ќе биде и утре против Англија“ – истакна Милевски на прес-конференцијата на „Олд Трафорд“. „Не чувствуваме никаков притисок затоа што играме против една моќна селекција како Англија. Не треба да трошиме зборови за квалитетот за Англија, дали индивидуален или тимски, дали…

Read More

Капитенот, Стефан Ристовски, пред утрешниот меч со Англија на „Олд Трафорд“ вели дека е реткост за Македонија да игра натпревари на такви стадиони. „Самата лига што ја поседува Англија е врвот на фудбалот. Убаво е да влезеш на „Олд Трафорд“, не ти треба некоја посебна мотивација. Ние сме очигледно таква екипа која игра големи натпревари и сака да прави чуда“ – потенцираше Ристовски на денешната прес-конференција. „Играме против најголемиот фаворит во групата, селекција од светско ниво. Не ни треба посебен мотив. Ќе имаме исполнет стадион, тоа е доживување, генерално, за македонскиот фудбал и за сите наши гледачи да успееме спортски…

Read More

Македонскиот репрезентативец, Алиоски, кој има искуство од англискиот фудбал, вели дека утрешниот меч со „Гордиот Албион“ ќе има посебно значење за играчите кои се прв пат во Англија. „Сите ќе уживаат а ако сме подготвени ментално и имаме дисциплина можеме да направиме нешто тука. Сите знаеме дека нема да биде лесно, дека Англија е голем фаворит“ – вели Алиоски. „Ние никогаш не губиме надеж и не се предаваме. Затоа дојдовме тука, да играме“, изјави Алиоски.

Read More

Голманот на нашата најдобра фудбалска репрезентација вели дека мора да го дадеме нашиот максимум на теренот за да извлечеме поволен резултат на утрешниот меч со Англија во квалификациите за ЕП. „ Мора само да бидеме концентрирани, за да може да дојдеме до посакуваната цел. Имавме перфектни шеесет минути со Украина, но, сепак, мечот трае 90. Немавме концентрација и фокус до крајот и така загубивме“ – вели Димитриевски „Сега ни следи нов меч, за ново докажување. Мора да имаме подобар фокус, само така можеме до победа или нерешен резултат“ – изјави нашиот голман.

Read More

Нашата женска тениска репрезентација ќе биде дел од групата „Б“ на Били Џин Кинг купот кој од утре до сабота ќе се реализира на терените на ТК Југ во Скопје. Македонија ќе биде во друштво на Финска, Молдавија, Исланд, Албанија и Азербејџан. Боите на нашава замја ќе ги браната: Лина Ѓорческа, Магдалена Стоилковска, Александра Симева, Ана Митевска и Ива Данева. Во групата „А“ на истата локација ќе се натпреваруваат: Луксембург, Кипар, Црна Гора, Ерменија и Сан Марино.

Read More

Ракометарите на Барселона го совладаа денеска ПСЖ со 37:31 и го освоија третото место во Лигата на шампионите. На средбата во – „Ланксес Арена“ во Келн, членот на победничкиот тим, Гомез Абелјо, влезе во историјата како најдобар стрелец на завршните Ф4 турнири. Шпанецот денеска против францускиот состав успеа да постигне 4 голови и да дојде до вкупна бројка од – 69 со што ги надмина нашиот Кире Лазаров и Данецот, Микел Хансен кои имаат по 68 погодоци

Read More