Нигерискиот фудбалски интернационалец, Виктор Осимен, кој успеа да ја освои нагрдата за најдобар стрелец во Италија и воедно да се израдува на титулата во Серија „А“, сака да се врати во Германија. Напаѓачот на Наполи наводно, преговара интензивно со Баерн Минхен за да направи трансфер во текот на летово. Тој има настапувано за Волфсбург и францускиот Лил. Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, изјави, дека ќе го продаде Виктор Осимен доколку добие понуда од 180 милиони евра.
Author: dino
Фудбалерот, Хари Кејн, се согласил да замине во Баерн Минхен а неговиот татко ги договорил и личните услови со германскиот гигант, велат последните информации од Англија. Баварците веројатно ќе мора да одвојат 100 милиони да го купат репрезентативецот на „Гордиот Албион“ бидејќи првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, ја одби понудата од 70 милиони евра. Во исто време и Манчестер Јунајтед се обидува да издејствува трансфер на Кејн кој има само уште една година од договорот со „спарси“
Италијанскиот фудбал официјално го забрани бројот 88 да се користи со декрет потпишан од две министерства бидејќи симболизира антисемитизам и нацизам. Министерот за внатрешни работи Матео Пиантедоси, министерот за спорт Андреа Абоди и првиот човек на италијанскиот фудбал, Габриеле Гарвина заеднички ја потпишаа декларацијата. Забраната се однесува на сите рангови на натпреварување во Италија.
Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, вели дека викендот во Австрија ќе биде многу тежок бидејќи ќе се вози вториот сезонски спринт и ќе има само еден официјален тренинг. „Спринтерските викенди се секогаш поинтензивни и покомпликувани во споредба со нормалните трки. Ќе биде потешко и поинтересно“ – вели Холанѓанецот. „Секако, Австрија ни е домашно натпреварување, очекувам поддршка од навивачите“ – вели Верстапен.
Поранешниот фудбалер, Луис Саха, не го гледа Арсенал меѓу првите четири во Премиер лигата во наредната сезона иако „топчиите“ се максимално активни на трансфер пазарот и најавуваат атрактивни имиња. „Ливерпул горе ќе може да му парира на Сити за титулата, тука ќе биде и Манчестер Јунајтед а можеби и Челзи“ – вели Саха. „Арсенал дури и да добие засилувања, не верувам дека ќе се трка за титулата. Тие ја испуштија шансата во претходната сезона“ – беа дел од зборовите на Саха.
Поранешниот фудбалер, Адреа Пирло, кој имаше блескава кариерата во редовите на Интер, Милан и Јувентус, ќе се врати во татковината откако една сезона помина на клупата на турскиот, Карагумрук. Тој треба да го преземе кормилото на Сампдорија која испадна во второлигашкото друштво. Пирло претходно го водеше Јувентус и успеа да го освои Супер Купот и Куп на Италија.
Екипата на Тотенхем веројатно ќе се засили со Џејмс Медисон кој сака да си замине од Лестер откако неговиот тим испадна во Чемпионшип конкуренцијата. Фудбалерот постигнал договор за личните услови со „Спарси“што значи дека сега останува двата клуба да ја дефинираат сумата за трансфер. Поранешниот шампион на Англија бара 55 милиони фунти но, веројатно ќе се согласи и за помалку. 26-годишниот Медисон стравува дека со играњето во втората лига ќе гo загуби местото во репрезентацијата на „Гордиот Албион“.
Првите луѓе на Вест Хем ги одбиле понудите на Арсенал и на Манчестер Сити за фудбалерот од средниот ред, Деклан Рајс, наведуваат денеска медиумите во Англија. Познато е дека „топчиите“ се обидуваат подолг период да дојдат до потписот на одличниот играч додека „граѓаните“ за прв пат испратиле понуда од 80 милиони фунти плус бонуси. Сепак, челниците на „чеканите“ не сакаат да слушнат за сума помала од 100 милиони фунти.
Баерн Минхен понудил 70 милиони евра за фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн но, истата веднаш била одбиена, велат денешните вести од Германија. Баварците се обидуваат да пронајдат вистински центарфор а изборот паднал на играчот на „спарси“. Познато е дека Кејн има договор до летото во 2024 година и дека нема намера да го продолжи. Тоа значи дека Тотенхем ќе мора да дејствува во текот на летово ако не сака да остане без Кејн и тоа практично без евро отштета.
Големата ѕвезда на холандскиот фудбал, Руд Гулит, ги критикува репрезентативците, Ван Дајк и Де Јонг откако „лалињата“ не успеаја на домашен терен да ја освојат елитната група во Лигата на нации и завршија на последното место. „Ван Дајк и Де Јонг, сигурно немаат такви лидерски способности. Тешко е за тренер да работи без лидери на теренот“ – вели Гулит. Ќе потсетиме дека Холандија во елитната група во Лигата на Нации, заврши зад Шпанија, Хрватска и Италија.
