Author: dino

Русија поради војната со Украина остана и без женското ракометно Европско првенство во 2026 година. ЕХФ денеска потврди дека бара нова локација за тој собир. ЕП во 2024 ќе биде во  Унгарија, Австрија и Швајцарија, додека во 2028 домаќини ќе бидат Данска, Шведска и Норвешка.  На последниот континентален собир Македонија беше ко-домаќин заедно со Црна Гора и Словенија.

Read More

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, победи на денешната трка возена на патеката  –  „Ред Бул Ринг“ за Големата награда на Австрија. Членот на Ред Бул успеа да ја добие битката со Шарл Леклер од Ферари додека третото место на подиумот го пополни вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез. Зад нив во Топ 10 влегоа: Сајнц, Норис, Алонсо, Хамилтон, Расел и Гасли. Холанѓанецот со денешната победа има 229 бодови, го следат Перез со 148 и Алонсо со 129. Наредната трка во Ф1 ќе биде реализирана на 9 јули на патеката – „Силверстон“ за Големата награда на Британија.

Read More

Италијанските медиуми објавија дека легендарниот голман, Џанлуиџи Буфон, добил понуда да се пресели во Саудиска Арабија. Изворот наведува дека 45-годишниот чувар на мрежата на Парма може да заработи 30 милиони евра доколку се определи во текот на летово да ја напушти – „Чизмата“. Буфон кој има уште една сезона од договорот со „млекарите, претходно играше за Јувентус и ПСЖ и беше стандарден голман на италијанската репрезентација.

Read More

Напаѓачот на ЦСКА Москва, Федор Чалов, влегува во радарот на Галатасарај.  Тренерот Окан Бурук сака да го види 25-годишниот фудбалер во турскиот тим  иако претходно рускиот тим ги демантираше информациите. Чалов во претходната сезона постигна 24 гола на 41 натпревар и даде шест асистенции. Неговиот договор ќе истече во декември 2024 година. Фудбалерот од февруари до јуни во 2022 година беше на позајмица во швајцарскиот состав Базел.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Фирентина се обидуваат да дојдат до потписот на репрезентативниот голман на Хрватска, Доминик Ливаковиќ. Тие за 28-годишниот чувар на мрежата на Динамо (Загреб испратија понуда од 6 милиони евра но, истата веројатно ќе биде одбиена, наведуваат медиумите во Италија. Ливаковиќ во претходната сезона одигра 49 натпревари  а на 13 од нив не прими гол. Тој за селекцијата на „коцкестите“ има одиграно 46 средби.

Read More

Ница го објави назначувањето на Франческо Фариоли за тренер на тимот. 34-годишниот Италијанец доаѓа на местото на Дидие Дигар, кој ќе заземе друга позиција во структурата на „Елит груп“, во чија сопственост е клубот. Фариоли последен пат работеше во Аланијаспор во Турција, но таму беше отпуштен во февруари. Тој му беше помошник на Роберто Де Зерби во Беневенто и Сасуоло. „Анализата на тимовите со кои работеше и нашите разговори со Франческо за проектот доведоа до нашиот избор“, коментира спортскиот директор на Ница, Флорент Гисолфи.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езџјан Алиоски, си замина од Фенербахче и се врати во Саудиска арабија во екипата на Ал Ахли. Нашиот интернационалец кој помина една година на позајмица во турскиот гигант,  официјално се збогува со клубот од Истанбул. -Секогаш е тешко да се каже збогум но, таков е животот. Благодарам на големата поддршка и ми беше чест да бидам дел од овој голем клуб“,  објави Алиоски. Тој претходно играше во Лидс Јунајтед, Лугано, Шафхаузен и Јанг Бојс.

Read More

Саудиското Министерство за спорт во почетокот на месецов објави дека јавниот фонд (PIF) ќе ја преземе контролата врз четирите најголеми клубови како дел од големата ревизија на саудискиот фудбал. Целта на проектот е локалната лига да влезе во светските топ 10 што според мислењето на надлежните, треба да ги зголеми шансите да се добие улогата на организатор на Светското првенство во 2030 година. Дел од програмата е неодамнешниот договор со Кристијано Роналдо кој треба да помогне во промоцијата на Саудиска Арабија. Избраните Ал-Итихад, Ал-Наср, Ал-Хилал и Ал-Ахли се основачки членови на локалната лига. ПИФ ќе контролира 75 отсто од акциите во…

Read More

Првиот човек на фудбалската – Ла Лига, Хавиер Тебас, е подготвен да биде реизбран доколку тоа го сакаат клубовите, објавија денеска дел од медиумите. „Повторно ќе се кандидирам доколку тоа го побараат клубовите“ – изјави Тебас во последното интервју. Тој од 2013 година е на чело на елитната фудбалска конкуренција во Шпанија. Тебас неодамна потенцираше  дека евентуалното доаѓање на Килијан Мбапе во Реал Мадрид ќе биде голем плус за лигата.

Read More

Колин Милер, стана играч на Њу Џерси, објавија денеска медиумите во САД. Клубот успеа да го размени хокеарот со Далас за да го добие правото на избор во петтата рунда на драфтот во НХЛ во 2025 година. Милер во изминатата сезона одигра 79 натпревари во регуларниот дел и постигна 21 (6+15) поен со +23 показател за ефикасност. Тој во плејофот одигра 10 натпревари и имаше 1 асистенција. Милер е сега под договор до крајот на сезоната 2023/24 за сума од 1,85 милиони долари.

Read More