Кирил Лазаров доби место во „Куќата на славните“ на Европската ракометна федерација и стана првиот Македонец кој станал член во „Куќа на славните“ во било кој спорт.
Нашиот селектор беше меѓу тројцата десни бекови заедно со Унгарецот, Ласло Наѓ и Исланѓанецот, Олафур Стефансон. На денешната церемонија во Виена се случи превид на организаторите бидејќи за тројцата споменати немаше од статуетките на ЕХФ.
Во друштво на Лазаров на свечената церемонија беше и првиот човек на мак-ракометот, Живко Мукаетов.